понеделник, 19. април 2021. Вести денес: 176
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Во екстазата на лажниот патриотизам откако Заев тргуваше со идентитетот, очекуваме Костадинов да одржи прес во комитска облека

ВМРО-ДПМНЕ: Во екстазата на лажниот патриотизам откако Заев тргуваше со идентитетот, очекуваме Костадинов да одржи прес во комитска облека

Во екстазата на лажниот патриотски занес кој од вчера владее во СДСМ очекуваме наредната прес конференција Костадин Костадинов да ја одржи во комитска облека, пушка манлихера и бајрак со црвена боја, на кое со сини букви пишува “Заев е нашиот месија”. А нема да не зачуди Никола Димитров да се облече како партизан од АСНОМ, а Шекеринска да се обиде да ја глуми новата Сирма Војвода, додека Стево Пендаровски ќе се самопрогласи за Гоце Делчев за кого претходно самиот скандалозно се изјасни дека е Бугарин, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев пред целата јавност кажа дека на СДСМ не и доликуваат патриотски политики. Заев лажен патриот бидејќи претходно тргуваше со идентитетот, на маса ги стави јазикот, историјата, придобивките од антифашистичката борба. Има и видео од тоа, а целата јавност го виде и слушна. Глумењето патриотизам не поминува. Предавничките политики ќе бидат поразени, велат од партијата.

Додаваат дека наместо лажен патриотизам Костадин Костадинов јавно да каже што точно Зоран Заев му ветил на Бојко Борисов уште како опозиција, за какви приватни бизнис интереси станува збор? За пари ја продава Македонија додека СДСМ глуми патриотизам, откако претходно се откажаа од Македонија а сега се пазарат за јазикот, достоинството и честа. Заев покажа дека не само што има подвиткана кичма, туку дека нема кичма.

Коронавирус