среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 129
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Власта се спрема утре да брани мерка со која се предвидува работниците да работат без плата, а компаниите без профит

ВМРО-ДПМНЕ: Власта се спрема утре да брани мерка со која се предвидува работниците да работат без плата, а компаниите без профит

АПОЛОГЕТИТЕ НА ВЛАСТА СЕ СПРЕМНИ УТРЕ ДА БРАНАТ ВЛАДИНА МЕРКА СО КОЈА СЕ ПРЕДВИДУВА РАБОТНИЦИТЕ ДА РАБОТАТ БЕЗ ПЛАТА, А СОПСТВЕНИЦИТЕ НА КОМПАНИИТЕ БЕЗ ПРОФИТ!

Во изминатиот период сме сведоци како владините апологети и квази експерти се обидуваат по секоја цена да ги бранат погрешните владини мерки и политики.
Имено, додека тие излегуваа во јавноста да ги убедуваат компаниите и јавноста дека мерките се добро таргетирани, видовме дека Владата во меѓувреме направи 10-тици измени и надополнувања на тие мерки што е доказ и потврда дека истите првично биле погрешно поставени.
Истовремено, сме сведоци како истите тие луѓе сега ги убедуваат работниците и јавноста дека новите измени на мерките кои предвидуваат отпуштање на вработени се добри и покрај тоа што самите тие пред неколку недели зборуваа дека мерките за помош на компаниите се БЕЗМИСЛЕНИ ако дозволуваат отпуштања на вработените.

Се поставува прашањето дали овие луѓе имаат кредибилитет или нивната единствена агенда е да ја бранат неспособната Влада на СДСМ по секоја цена.

По ова што го гледаме нема да изненади еден ден да излезат во одбрана на некоја владина мерка со која се уредува работниците да работат без плата, а сопствениците на компаниите без профит.

Фејсбук статус на комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија