понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 66
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Власта се плаши од вистината, пратениците од СДСМ и ДУИ го одбија предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се расправа за градбата и начинот на употреба на  модуларните болници

ВМРО-ДПМНЕ: Власта се плаши од вистината, пратениците од СДСМ и ДУИ го одбија предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се расправа за градбата и начинот на употреба на  модуларните болници

Власта се плаши од вистината и не сака да се збори за околностите поврзани со тетовската трагедија и горењето на модуларната болница. Денес тие го одбија предлогот на пратеничката група на Комисијата за труд и социјална политика да се разгледува информација во врска со реализација на проектот за набавка и пуштање во употреба на модуларните болници, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДС-ДУИ гласаа против предлогот да се разговара отворено за пропустите при поставување и начинот на градба на болниците. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ беше поттикната да побара расправа пред се поради многуте нејаснотии врзани со начинот на градба, немањето на употребна дозвола и сериозните пропусти при градбата на модуларните болници. Што сака да сокрие власта? На овој начин неславното трио Заев – Филипче – Хасани станаа главни виновници за кочењето на истрагата поврзана со овој случај? – се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Локални избори 2021