петок, 3. декември 2021. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Власта сака седница за пописот, а не сака за одговорноста на Филипче и Заев за 14 загинати во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ: Власта сака седница за пописот, а не сака за одговорноста на Филипче и Заев за 14 загинати во Тетово

Власта сака да одржи седница за продолжување на пописот, а бега од седница за одговорноста на Филипче за 14 загинати во Тетово, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата прашуваат како тоа СДСМ и ДУИ можат да поддржат седница за се, само не за усвојување на оставките на Филипче и Хасани?

-14 луѓе ги загубија своите животи. 14 семејства се завија во црно, и по неколку недели се уште не се знае ниту кој е причинител за несреќата, а ниту пак има одговорност, дури ниту политичка. Истрагата е заглавена, а главните виновници се во власта кои не сакаат да излезе вистината. Се уште нема одговор за тоа како се запали болницата во која загинаа 14 лица. Зошто болница немала ПП заштита? Зошто немала доволно персонал, зошто имало пур панели наместо сигурносна изолација. Зошто Филипче наместо безбедност му биле важни провизии, стои во соопштението на партијата.

Коронавирус