понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 27
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Власта наместо стратегија за економски излез од кризата, нуди ситен поткуп на граѓани со кој купува месец социјален мир

ВМРО-ДПМНЕ: Власта наместо стратегија за економски излез од кризата, нуди ситен поткуп на граѓани со кој купува месец социјален мир

Мафијашката власт на Заев нема ниту план, ниту стратегија да се справува со економските последици од економската криза. Тоа што економијата падна за 12,7% за само три месеци, тоа што над 40 илјади лица останаа без работа, тоа што власта создаде една милијарда нов долг, не е доволно да се откажат од своите политики купи ден, помини, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека веќе три месеци поминаа од изборите, а тендерашката власт се уште нема понудено четврти пакет мерки за стопанството.

-Очигледно се подготвуваат со нови популистички исплати со цел да купат социјален мир уште еден месец, додека економијата се дави во проблеми. Дека освен голиот поткуп нема суштинска поддршка за фирмите говори тоа што според податоците изнесени во јавноста владата нема реализирано ниту 30 проценти од досегашните три сета на мерки, а сега се расфрла со најава за четврти сет на антикризни мерки. Очигледно е дека криминалот и корупцијата на власта ги изеде парите, а економијата и граѓаните ги остави да тонат во сиромаштија. Со оваа мафија на власт нема економски напредок, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус