недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 69
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Власта ја задолжи Македонија за нови 500 милиони денари за непродуктивни трошења додека 500 илјади граѓани се сиромашни

ВМРО-ДПМНЕ: Власта ја задолжи Македонија за нови 500 милиони денари за непродуктивни трошења додека 500 илјади граѓани се сиромашни

Зоран Заев и неговите министри одговорни за финансии целосно ја руинираа македонската економија и ја клекнаа на колена. Македонските граѓани никогаш не биле посиромашни. Повеќе од 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, се борат за парче леб, а денот го минуваат со еден оброк, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Првата аукција на државни записи за 2020 година е во износ од високи 500 милиони денари. Ова значи ново зголемување на јавниот долг, а трагедијата да биде поголема и ова ново задолжување е за непродуктивни трошења. Вчера власта ги задолжи граѓаните за трошења кои нема да го подобрат квалитетот на живот, кои нема да ја подобрат економијата. Годината која Заев ја прогласи за економска, бизнис заедницата ја прогласи за најлоша во историјата на независна Македонија. Компаниите имаа проблеми со ликвидноста, а се намалија и средствата кои бизнис секторот ги плаќа преку даноците. Капиталните инвестиции се на рекордно ниско ниво, а оваа власт во заминување и понатаму продолжува да ја задолжува државата, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека нема изградба на нови болници, училишта, спортски сали. Нема изградба на нови инфраструктурни проекти. Парите на граѓаните преку криминални тендери и грантови завршија во џебовите на партиски и државни функционери на СДСМ.

-Доаѓа крајот на оваа криминално-рекетарска банда, сите оние кои беа заборавени од власта овие 3 години ќе го казнат Зоран Заев на 12 април. Граѓаните ќе изберат просперитна и успешна Република Македонија, граѓаните ќе ја изберат обновата, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус