вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 17
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Власта и градоначалниците трошат, а народот плаќа

ВМРО-ДПМНЕ: Власта и градоначалниците трошат, а народот плаќа

ВЛАСТА И ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ТРОШАТ, А НАРОДОТ ПЛАЌА!

Расипничката Влада на СДСМ веќе трета година ни сервира шокови, од кои најголеми загуби трпат граѓаните. Новото задолжување кое Владата го зема од Светска банка нема да го потроши за капитални инвестиции, туку парите ќе се трошат за раздолжување на општините.

Имено, кредитот на Владата во износ од 125.000.000 евра ќе биде наменет, меѓудругото, за исплаќање на долговите на локалните самоуправи, кои немаат капацитет тоа самостојно да го направат. За иронијата да биде уште поголема, општините и дополнително се задолжуваат, нивниот долг кон операторите расте, а граѓаните се тие кои со години ќе ја исплаќаат нивната менаџерска неспособност.

Кога на сето ова ќе додадеме дека непродуктивниот кредит ќе не‘ задолжи како држава, а граѓаните ќе почнат да го плаќаат после 4 години, кога Заев ќе биде историја, сфаќаме дека овој човек со сидрото забрзано не‘ влече кон дното.

Загубите кои државава ги преживува изминативе години ќе се чувствуваат на предолг рок. Колку побрзо си замине оваа расипничка структура, толку побрзо ќе се спасиме од ужасот кој бескомпромисно ни се сервира од партијата на власт, коментираат од Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус