сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Власта го зацрни животот на граѓаните, Македонија веќе два месеци дише загаден воздух

ВМРО-ДПМНЕ: Власта го зацрни животот на граѓаните, Македонија веќе два месеци дише загаден воздух

Власта го зацрни животот на граѓаните. Веќе два месеци Македонија дише загаден воздух. Скопје е најзагаден град во Европа и помеѓу десетте најазагадени во светот, а власта не презема ништо, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата потсетуваат дека Заев, Макрадули и Шилегов ветува почист воздух веднаш откако ќе ја преземат власта, две години потоа  ништо од она што го ветуваа не е случај.

-Наместо мерки и проекти спијат во Собрание за време на расправа и играат игри на телефон. Додека власта мува не ја лази дали воздухот ќе биде чист или загаден, десеттици граѓани секој ден  завршуваат во здравствените установи ширум државата со срцеви и белодробни проблеми како резултат на загадениот воздух, во кој концентрацијата на ПМ 10 честички е неколкукратно над дозволеното секој ден, се вели во партиското соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ знае дека СДСМ е дезориентирана партија и дека не знаат каде ја водат државата, токму затоа предложивме сет мерки за справување со загадувањето, меѓу кои:

– субвенционирање сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства,

–   забрана за употреба на петрол и кокс,

–   бесплатен градски превоз додека трае загадувањето.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека граѓаните не смее да трпат заради неспособноста и безидејноста на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ нуди мерки и решенија, а не празни ветувања напумпани пред избори како што тоа го направи СДСМ.

-Црнилата која ги предизвика оваа власт мора да престанат да бидат наше секојдневие. Граѓаните заслужуваат чист воздух, тоа е нивно право и обврска на секоја влада. СДСМ не може тоа да го овозможи и мора да си замине, колку порано толку штети по државата и граѓаните ќе бидат помали. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани кои се против штетните политики на ненародната власт да ни се придружат на протестниот марш во Скопје, во четврток (20.12.2018) кој тргнува од плоштад ВМРО до Владата на Република Македонија, се вели во соопштението.

Коронавирус