сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Власта ги излажа граѓаните, нема пари за градинки и за домови за стари лица

ВМРО-ДПМНЕ: Власта ги излажа граѓаните, нема пари за градинки и за домови за стари лица

Нудејќи го Планот за живот, СДС беше најголем гласноговорник за грижата за средната класа, спротивставувањето на нееднаквоста, како и борбата за поправедно општество.

Дали сега пред нас стои истиот тој СДС кој нудеше достоинствен живот за сите, во своето поправедно општество за сите?

Добро познатата матрица на заевизмот наречана Ветувам-негирам-заборавам, од Власта, се прфрли и на локално ниво. Зоран Заев и неговите локални шерифи ветија достоинствен живот за граѓаните, кој ќе започне од детските градинки каде децата ќе имаа сигурно детство, па сè домовите за стари лица, кои ќе обезбедеа достоинствена старост.

Сега, кога веќе заврши најлесниот дел Ветувам, на сцената ни останаа само деловите кои совршено се рализираат, а тоа се Негирам и Заборавам!

Не залудно се вели Каков лидер – такви следбеници! Денес, следбениците на Заев, сосема раскомотени и опшуштени во општинските фотељи, токму на дечињата им кратат цели 450 милиони денари за надоместоци за детска заштита, 15.338.000 денари на име Установи за институционална социјална заштита и дополнителни 96.000 денари на име Установи за детска заштита!

Во ниту една општина не се проширија капацитетите за згрижување на децата од предучилишна возраст, ниту се изврши рекнструкција на детските градинки, ниту се поведе сметка за енергетска ефикасност на објектите, додека пак, отварањето на нови детски градинки остана во минатото.

Она што грѓаните заслужуваат да го знаат е дека само на Објектот Централна во рамките ЈОУДГ Јасна Ристеска, охридскиот градоначалник Георгиески му скрати цели 11.300.000 денари кои беа ветени за надградба, за истовремено, истиот да зборави и на ветниот дом за стари лица.

На ветените градинки за руралните делови на Струга заборави и струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, за кого, секако, аудито беше во преден план!

Детски градинка не добија ни Центар жупа, Пробиштип, Стајковци и Сингилич во општина Бутел, населба Лисиче во општина Аеродром, селата Горобинци и Ерџелија од Свети Николе, ниту пак, Прилеп доби детска градинка од поголем обем!

Нема да се подобри енергетската ефикасност на детските градинки во Кисела вода и Велес и нема да се доградат повеќенаменски простории во Пробиштип.

Нестручноста на кадарот во детските градинки е посебна приказна!

Ни трага ни глас од ветените домови за стари лица во Охрид, Новаци, Кочани, Струмица, Демир Хисар, Свети Николе…на кои со Ребалансот се кратат цели 10.600.000 денари на име Изградба, опремување и одржување на објекти за социјална заштита и домови за стари лица.

Се изинуваме ако испуштиме друга ветена градинка која нема да се отвори или друг дом за стари лица кој нема да се изгради затоа што, за жал, ги има во огромен број!
За ситуацијата да биде уште полоша, за детски градинки и домови за стари лица за цели 1.299.000 денари е ускратена и мжноста за аплицирање за средства преку ИПА 2 фондовите!

И сосема на крајот – ДА, зедовте од богатите – тоа го видовме – видовме дека парите беа ставени во Луј Витон торба, но дали торбата заврши кај граѓаните, оставаме на нив да судат затоа што ним им беше ветено дека ќе земете од богатите и ќе им дадете на сиромашните!

Напишаа на Фејсбук од комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ

 

Коронавирус