ЗБОРОТ ЛАЖИ го отсликува образованието со Зоран Заев и рекетарската банда. Посветени само на лично богатење со злоупотреби, Зоран Заев и неговите соработници апсолутно немаат никаков концепт за развој на образованието. А образованието е иднината.
Започнува нова учебна година без ништо од ветените реформи. Една голема нула исто како и во секој сегмент од државата. Безидејност, неспособност и незнаење се главните одлики во секторот.
Пишувањата „За Живот“ се покажа дека се гол популизам. Нема нови напредни програми, нема изградба на училишта, нема достоинствен стандард ниту за учениците, ниту за просветниот кадар.
Платите на просветните работници во Република Македонија се меѓу најниските во регионот, а наставниците, за разлика од административците, не добиваат други поволности. Наставниците и вработените во образованието беа уште една целна група за манипулации. Потсетуваме, ветувавте награди и стимулации. Со „Животот“ гарантиравте повисоки плати, 30.000 денари во просек, но и дека ниту еден наставник нема да има плата пониска од тоа.
Единствено што власта креираше е навреда на честа, достоинството и автономноста на професијата наставник. Тоа не се ниту европски вредности, а уште помалку европски пракси. Образованието во Европа е секогаш на врвот на приоритетите, за разлика од оваа власт која ги маргинализираше стандардот и условите на просветните рабпотници на сметка на партиското и личното богатење.
И со тоа се продолжува. Најавено покачување од 5 проценти на платите на наставниците предизвикува само револт. Вистината е дека ова навредливо покачување нема да придонесе ниту за поголема мотивираност на наставниците, со тоа и подобрување на квалитетот на наставниот процес, ниту суштински ќе им го подобри животниот стандард.
Ова не е образование на новото време. Иднината на нашата земја и на нашите деца е доведена во прашање заради криминогената алчна гарнитура на власт. Тоа мора да прекине. Тоа мора брзо да се спречи. СДСМ и Зоран Заев сигурно не се тие кои ќе ја донесат нашата иднина, уште помалку нашата европска иднина. СДСМ и Зоран Заев се само лош пример за генерации ученици. Состојбите мора да тргнат во вистинска насока, кон градење на образование и образовен систем како ценета и посакувана професија, кон образование како вистински дом, предизвик и водилка кон иднината за секое дете, кон образование – слика за иднината на Република Македонија, напишаа на Фејсбук од комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.