четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Власта е неорганизирана, а тоа може да чини човечки животи

ВМРО-ДПМНЕ: Власта е неорганизирана, а тоа може да чини човечки животи

СДСМ и Филипче се во хаос и нема вистински мерки за зголемување на здравствените капацитети и заштита на животите на граѓаните и медицинскиот персонал, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Бројот за заразени од коронавирус секојдневно се зголемува. Според последните податоци во државата има 44 нови случаи и 2 смртни случаи. Светската здравствена организација секојдневно препорачува да се тестираат што поголем број на граѓани, но загрижува податокот што во текот на 24 часа е ограничен бројот тестови. загрижува и податокот што медицинскиот персонал кој е најмногу изложен на ризик се соочува со недостаток на медицинска опрема. Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ предлага конкретни мерки во врска со справување со пандемијата на корона вирусот. Ургентно да се преземат мерки за обезбедување на соодветна опрема за персоналот и негова заштита, штедење на истиот, преку точно подготвен и испланиран Бел план за функционирање на здравствените институции, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат рестриктивни мерки и прогласување на карантин во градовите со најмногу инфицирани и заболени пациенти, Скопје, Куманово и Струга.

-Подготовка на големите спортски објекти како арената „Борис Трајковски“ за примање и згрижување на поголема група на пациенти. Тоа да биде направено по примерот на соседните главни градови Софија, Белград и Загреб. Да се продолжи со барање на меѓународна помош која би била во опрема, материјали и експерти. ВМРО-ДПМНЕ подава рака да се санираат сите последици од пандемијата. Здравјето на граѓаните пред се и над се, велат од партијата.

Коронавирус