вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 33
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Владата троши милиони за кожни фотелји, а ништо за македонскиот јазик

ВМРО-ДПМНЕ: Владата троши милиони за кожни фотелји, а ништо за македонскиот јазик

ВМРО-ДПМНЕ излезе со реакција на прес конференцијата на Николина Нолчева од СДСМ:

Владата на СДСМ и Зоран Заев ништо не направија за македонскиот јазик.

Заев го излажа Институтот за македонски јазик. Македонистите не добиваат ниту денар од Буџетот за заштита на нашиот јазик.

Во време кога расипнички се трошат милиони за кожни фотелји и криминални тендери, ниту денар не се одвојува за македонскиот јазик. Ова е најголемата трагедија за нашиот јазик во 28 години независност на државата.

Додека земјите во светот го чуваат својот јазик, го негуваат и унапредуваат, СДСМ го деградира. СДСМ го погази јазикот и со неуставниот закон за двојазичност со кој го сведе од официјален јазик на еден од двата службени јазици во рамки на државата.

Негрижата на СДСМ кон македонскиот јазик претставува и негрижа кон државата и граѓаните.

Негрижата кон јазикот е поткопување на темелот на државноста.

Коронавирус