среда, 23. септември 2020. Вести денес: 132
Во живо

Протест на ВМРО-ДПМНЕ против неправдите, реваншизмот и насилството на мафијата на Заев

home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Владата се задолжи 12.7 милиони евра, за да врати пари со камата кои лани ги позајмила

ВМРО-ДПМНЕ: Владата се задолжи 12.7 милиони евра, за да врати пари со камата кои лани ги позајмила

Расипништвото на СДСМ си доаѓа по своето. Пред два дена владата се задолжи 12.7 милиони евра, за да врати пари со камата кои лани ги позајмила, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека не поминува месец без милионско задолжување.

-Се земаат милиони, а патем ништо не се прави, нема капитални инвестиции, сите проекти се запрени, а за нови нема абер. Реализацијата на капитални инвестиции од почетокот на годината, вклучително со јули месец е историски најниски 21.33%. Ова не е дно, ова е под дното, се наведува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека СДСМ мора да одговори доколку капитални инвестиции нема, на што се трошат парите од Буџетот и од задолжувањата кои секој месец ги прават.

Оттаму додаваат дека граѓаните заслужуваат да знаат каде одат парите кои сите ние заедно за некоја година треба да го враќаме со камати.

СДСМ треба да знае дека граѓаните нема да го плаќаат нивниот луксуз. Задолжување може да има само заради реализирање на капитални проекти и никао поинаку. Се друго е расипништво.

Неодговрното работење на СДСМ допринесе за првпат во историјата на државата јавниот долг да надмине 5 милијарди, а државниот 4 милијарди евра.

Ова е врв на неодговормо работење. И додека никој незнае на што се трошат народните пари, економијата тоне, а граѓаните живеат се полошо. СДСМ наместо празни флоскули и неработа треба да си замине, бидејќи во изминативе 15 месеци покажаа дека незнаат да ја водат државата. Република Македонија неможе да продолжи со СДСМ. Република Македонија мора да тргне напред.

 

Коронавирус