среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 137
Во живо

ВО ЖИВО: 31 година ВМРО-ДПМНЕ „Македонија за сите луѓе“

home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Владата потврди, Спасовски и Маричиќ немаат НАТО сертификат, бидејќи се корумпирани

ВМРО-ДПМНЕ: Владата потврди, Спасовски и Маричиќ немаат НАТО сертификат, бидејќи се корумпирани

Владата призна, Маричиќ нема НАТО безбедносен сертификат, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Бојан Маричиќ е вториот министер во владата на Заев, по Оливер Спасовски, кој нема НАТО безбедносен сертификат. Која е причината што Маричиќ и Спасовски немаат сертификати? Дали криминализираноста на системот и големиот број на корупциски афери се причината? Владата мора да признае пред граѓаните зошто двајца нејзини министри од областа на правдата и безбедноста немаат НАТО сертификат, истакнуваат од опозицијата.

Спасовски и Маричиќ наместо да молчат, треба да си дадат оставка. Одговорност веднаш, додаваат од таму.

ЕУРО 2020

Македонија