петок, 29. јули 2022. Вести денес: 21
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Владата нека не се обидува да ја дефокусира јавноста од сопствениот неуспех

ВМРО-ДПМНЕ: Владата нека не се обидува да ја дефокусира јавноста од сопствениот неуспех

Два дена молк од страна на Ковачевски, Османи и Маричиќ за тоа кој направил, кога направил и каков хибриден напад имало во Македонија, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ во своето партиско соопштение.

„Нема ниту одговорност зошто доколку имало хибриден напад во државава не бил спречен на време и зошто институциите дозволиле ова да се случи.

Логично се поставува прашање дали со дефокус на јавноста со наводниот хибриден напад во државата, Ковачевски, Османи и Маричиќ сакаат да избегаат од одговорноста за целосниот дебакл во преговорите со Европската унија и трајно уништените преговорачки процеси.

Лагите и манипулациите дека го немале видено или не го добиле францускиот предлогот се срушија како кула од карти, па под притисок на граѓаните и ВМРО-ДПМНЕ, мораше Ковачевски да се повлече и да глуми загрижен патриот.

Граѓаните добро знаат дека повеќе од 6 месеци овој штетен предлог кој ги руши сите државни интереси и позиции, го преговарале и договарале, Димитар Ковачевски, Бујар Османи и Бојан Маричиќ, но поради случувањата во Бугарија и откривањето на целиот предлог во Македонија мораше да се откажат од предавничката позиција.

Целиот план на владата на СДСМ и ДУИ беше разоткриен.

Одговорност и оставки за Бујар Османи и Бојан Маричиќ за рушење на македонските национални позиција, како и нарушување на преговорачките позиции со ЕУ.

Изборите се единствено решение за излез од оваа катастрофална политика на СДСМ и ДУИ во преговорачкиот процес“ – порачуваат одпартијата.

Коронавирус