среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 100
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Заев ќе одговара за расипничкото трошење на парите на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Заев ќе одговара за расипничкото трошење на парите на граѓаните

СДСМ откако е на власт сиромаштијата расте рапидно. Сиромаштијата го достигна врвот, за сега има околу 500.000 граѓани кои живеат во бедни услови, и не можат да го поминат месецот. Ова гласно говори дека владата на Заев не е загрижена за социјално ранливите категории на граѓани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ не ги прифати амандманите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ со кои реално ќе им се помогнеше на најзагрозените семејства во државата. Владата на Зоран Заев не прифати секое домаќинство кое користи гарантирана минимална помош да остварува паричен додаток од 1.000 денари заради покривање на дел  од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството 12 месеци во годината наместо предвидените 6 месеци во предложеното законско решение, се вели во партиското соопштение.

Како што велат од партијата, пратеничката група на СДСМ не прифати зголемување на надоместокот за потполно глувите лица од 4.100 денари на 5.200 денари.

-СДСМ не прифати да продолжи правото на парична помош на мајка која родила четврто дете која се грижела за своите деца до нивната 18 годишна возраст, која е невработена и на не користи право на пензија по наполнување на 62 години живот. Ова право беше предвидено како и во старото законско решение да изнесува 8.000 денари, истакнуваат од партијата.

Ти додаваат дека, владата на Зоран Заев треба и ќе одговара за расипничкото трошење на парите на граѓаните. Време е да се стави крај на сето ова што го прави власта.

Најнови вести

Коронавирус