понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 91
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Владата и Мила Царовска го доведуваат системот за социјална заштита во пропаст

ВМРО-ДПМНЕ: Владата и Мила Царовска го доведуваат системот за социјална заштита во пропаст

Владата и Мила Царовска го доведуваат системот за социјална заштита во пропаст. Граѓаните беа сведоци на голем број силувања во домовите, а одговорност од надлежните се уште нема. Царовска, како наредбодавец во министерството за труд и социјална политика бега од одговорност и се крие, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Од партијата додаваат дека по градинките има епидемии, малтретирање на децата од страна на несоодветни кадри, а Царовска упорно молчи.

-Поминаа повеќе од две години а оваа влада нема ништо инвестирано во социјалната грижа и насилството. Царовска нема преземено ништо конкретно, туку само чека официјални настани да се фали со тоа што ќе преземе, што потоа никогаш не се реализира. Црнилата на оваа власт се присутни во секој сегмент. Граѓаните ќе му стават крај на ова црнило кое го донесе владата на СДСМ. Црнилото не смее да биде наше секојдневие. Потребни се избори веднаш. СДСМ мора да си замине, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус