петок, 29. јули 2022. Вести денес: 137
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Владата да каже за каков хибриден напад обвинуваат и зошто не бил спречен, дали се прави дефокус од одговорноста за продажба на државните интереси

ВМРО-ДПМНЕ: Владата да каже за каков хибриден напад обвинуваат и зошто не бил спречен, дали се прави дефокус од одговорноста за продажба на државните интереси

Македонија доживеа тотален дебакл и трајно нарушување на преговарачките позиции со Бугарија заради ненародната и неспособна власт предводена од СДСМ и ДУИ, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Владата на СДСМ и ДУИ да каже за каков хибриден напад обвинуваат и зошто истиот не бил спречен. Дали владата на Ковачевски прави дефокус од одговорноста за продажбата на државните интереси? Што точно подразбираат, Османи и Маричиќ под хибриден напад во државата? Доколку навистина имало напад врз државата, доколку како што вели Османи имало хибриден напад мора да има одговорност, бидејќи не било спречено на време и државата била нападната. Додека на Димитар Ковачевски за тоталниот неуспех во преговорите и неуспехот во распродажбата на државните интереси му се виновни експертите и граѓаните, на Бујар Османи и Бојан Маричиќ им е виновен хибридниот напад врз државата. Најголем хибриден напад кој и се случува на државата е токму владата на СДСМ и ДУИ, предводена од Ковачевски. Вчера и Османи и Маричиќ јавно признаа дека ја лажеа целокупната македонска јавност со денови, дека го немале видено и разгледано францускиот предлог. Токму вчера излезе на виделина она кое што денови го потенцираме, дека Ковачевски, Османи и Маричиќ го преговарале и договарале, повеќе од 6 месеци, овој штетен предлог за Македонија, кој на крај и го прифатиле, за подоцна да се повлечат после притисокот на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните. Целиот план на Ковачевски, Османи и Маричиќ им бил преку блиц криг предлогот веднаш да помине во бугарското Собрание, што е одолговлечено поради оставката на бугарската Влада, а потоа и блиц криг операција за поминување на овој предлог во Македонија, преку креирање на еуфорија за почеток на преговорите, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Одговорност за овој целосен дебакл во процесот за преговори со ЕУ мора да има за Бујар Османи и Бојан Маричиќ, одговорност и оставки за оваа трајна штета во преговарачкиот процес. Изборите се единственото решение, додаваат од таму.

Коронавирус