четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 37
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Весковски и Шилегов не само што го местеле тендерот за „Варшавска“, туку и плаќале и до 8 пати поскапо

ВМРО-ДПМНЕ: Весковски и Шилегов не само што го местеле тендерот за „Варшавска“, туку и плаќале и до 8 пати поскапо

Весковски и Шилегов не само што го местеле тендерот за „Варшавска“, туку и плаќале и до 8 пати поскапо, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Весковски и Шилегов првин најмиле фирма, таа ги завршила градежните зафати, а дури 2 месеци потоа распишале тендер за да ја исплатат фирмата. Но тука не застанува криминалот. Весковски и Шилегов плаќале услуги и до 8 пати поскапо од тоа што биле плаќани во време на ВМРО-ДПМНЕ. Еден м2 одбележување на ров во 2017 година бил плаќан за 19.3 денари, а сега Весковски и Шилегов го плаќаат за 168 денари, односно скоро 8.7 пати поскапо. Што се сменило од 2017 година до сега во градежништвото за цените да бидат над 8 пати поскапи? Ништо освен што сега на власт се Весковски и Шилегов. Безобразлукот не застанува тука. Капа за затворач во 2017 година бил плаќан 980 денари, а сега е платена 6.800 или скоро 7 пати поскапо. Иста пракса имаме и кај услугата фино планирање на дното на ровот кое во 2017 година е наплаќано 21 денари, сега е 112 денари односно скоро 6 пати. Весковски и Шилегов асфалтот го плаќаат 3 пати повеќе, па ако во 2017 година асфалтирање на исечени делови од асфалт со дебелина 10 цм за м2 било 900 денари, сега е платено 3.520 денари, истакнуваат од опозициската партија.

Овие цени покажуваат дека нешто е труло! Овие информации и многу повеќе се доставени до ЈО и очекуваме да отворат случај за криминалот од 300.000 евра, а не да отвораат измислени случаи против кандидати на ВМРО-ДПМНЕ, на кои 5 години како се власт не можеа да најдат ниту еден случај иако да имаше веднаш ќе ги затвореа, но тие се одлучија на местенки и ПР, а вистинските криминалци од нивните редови се на функција, додаваат од таму.

Локални избори 2021