вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 95
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Веќе е доцна, ниту СДСМ води на анкети, ниту Заев ќе победи на предвремените парламентарни избори- народот ја виде вистината

ВМРО-ДПМНЕ: Веќе е доцна, ниту СДСМ води на анкети, ниту Заев ќе победи на предвремените парламентарни избори- народот ја виде вистината

СДСМ и Зоран Заев донесоа неправдa, прогон, лаги и измами, сиромаштија и иселување на македонскиот народ од оваа сурова реалност. Државата ја однесоа во ќорсокак, без надеж за подобра иднина.  Посветени се само на крадење, рекет и политички реваншизам, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ го урна политичкиот, правниот и економскиот систем на Македонија. Приведуваат и испрашуваат новинари кои говорат за криминалите на СДСМ и Зоран Заев. Рекетираат преку СЈО, Рускоска обвинува, Кацарска суди, а Јовевски ги штити. Нивните фамилијарни приватни бизниси растат и се развиваат,  но не растат инвестициите, а нови работни места нема. Во оваа држава нема повеќе ниту мир, ниту правда. Пропаста на Македонија под палката на Заев и СДСМ ја видоа и во Европа. Недобивањето на датум е крајот на кривиот пат на Заев. Европските интеграции не мрднаа од мртва точка овие три години и покрај тоа што Заев ги продаде националните интереси. Никој од политичките субјекти во европските земји не постигнал успех со тоа што го жртвувал својот народ и својата земја. Никој од нив не коленичи за привилегии и фотелји. Никој од нив не опустошил градови и села и не  го ограбил сопствениот народ како што тоа го направија СДСМ и Зоран Заев, стои во писменото соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека ниту СДСМ води на анкети, ниту Заев ќе победи на предвремените парламентарни избори. Веќе е доцна. Народот ја виде вистината. СДСМ се свесни дека ги очекува пораз до невидени размери досега.

-Зоран Заев ќе го добие ударот директно од народот и ќе заврши со неговата тоталитаристичка политичка кариера. ВМРО-ДПМНЕ знае, умее, и може повторно да ја обнови Македонија и да ја стави на брза патека за влез во Европската Унија, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус