понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 51
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ Василево ја реализира акцијата „Лето за Македонија“: Граѓаните се жалат на низок стандард, миграција на младите, проблеми со земјоделието

ВМРО-ДПМНЕ Василево ја реализира акцијата „Лето за Македонија“: Граѓаните се жалат на низок стандард, миграција на младите, проблеми со земјоделието

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Василево во теков на изминатите недели ја реализира акцијата „Лето за Македонија“.

Во рамки на акцијата претставници од партијата посетија повеќе населени места. Денеска тие беа во населеното место Дукатино.

-Предвидено е да ги посетиме сите населени места, секој дом, да се сретнеме со секој поединец. Акцијата ја реализираме повеќе наши членови и секаде каде што правиме посета наидуваме на позитивни одговори. Граѓаните ги истакнуваат проблемите со нискиот стандард, миграцијата на младите, проблемот со земјоделството и инфраструктурните проблеми, велат од ОК Василево.

Тие ги уверуваат жителите дека ВМРО-ДПМНЕ е тука во заедничката борба против оваа, како велат, ненародна власт. Ги повикуваат сите да им се придружат во борбата која допрва почнува.

 

Коронавирус