недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 77
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Вака изгледа катастрофата кога се урива енергетскиот систем заради неодговорната, неспособна и криминогена власт (ВИДЕО)

ВМРО-ДПМНЕ: Вака изгледа катастрофата кога се урива енергетскиот систем заради неодговорната, неспособна и криминогена власт (ВИДЕО)

Ова е моментот кога откажуваат двата  блока во РЕК Битола. Вака изгледа катастрофата кога се урива енергетскиот систем заради неодговорната, неспособна и криминогена власт. Најголемиот енергетски капацитет во моментов  нема енергија ниту за сопствено одржување!, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Тоа се СДСМ и Зоран Заев! Секој изминат ден со нив значи дополнителна штета за државата. Криминогената и неспособна власт ги чини државата и граѓаните пари. Денеска надвор од употреба се сите 3 блока од РЕК Битола. Државата е принудена да увезува струја, наместо да ја произведува сама. Во исто време надвор од употреба се ставени блоковите 1 и 3, додека блок 2 е во ремонт. Само до рестартирање на блок 1, државата ќе треба да увезе 2.000 мегават часа струја, односно да плати над  100.000 евра на име увоз на струја. Штетите кои ќе ги претрпи државата до вклучување на блок 2 ќе бидат уште поголеми, потенцираат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека ова е едно од редицата исклучување на блоковите во РЕК  Битола. Нејасно е дали блоковите испаѓаат од употреба поради неспособноста на власта или поради криминогеноста и желбата да се направи профит за некоја фирма увозник на струја.

-Зоран Заев и СДСМ го гледаат РЕК Битола само како ризница за пари за фирмите блиски до СДСМ. Криминалот и злоупотребата на РЕК Битола за лично богатење наскоро ќе заврши. СДСМ оди во опозиција и следува обнова на Македонија, стои во партиското соопштение.

Коронавирус