сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 37
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ успеа во напорите да се прекине седницата на која точка е 33 милиони евра за Макпетрол

ВМРО-ДПМНЕ успеа во напорите да се прекине седницата на која точка е 33 милиони евра за Макпетрол

ВМРО-ДПМНЕ успеа во напорите да се прекине седницата на која точка се 33 милиони евра за Макпетрол.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата даваше напори да блокира дел од работата со цел да не бидат злоупотребени 33 милиони евра народни пари. И успеа во тоа.

Нервозата кај претставниците на власта беше видлива, па седницата се одвиваше во напната атмосфера.

Џафери на крај ја прекина седницата – соочен со фактите на опозицијата и нервозата кај владејачкото мнозинство. Иако пратениците на Заев во најголем дел не беа во салата.

Од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата претходно обвинија дека за овој Договор меѓу државата и Макпетрол јавноста нема доволно информации и со истиот ќе се направи штета на сметка на државниот Буџет

-Власта сака на мала врата без доволно информации и консултација со јавноста да се изгласа закон со кој ќе му се признае на Макпетрол сопственост од 50 отсто во гасоводот во Македонија и истиот да му се плати по нереално висока цена од 33 милиони евра иако самата власт вели дека вредноста на влогот на Макпетрол е 18,8 милиони евра, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Собранието на Реублика Македонија вечерва ја прекина работата по 19. седница и претседателот Талат Џафери закажа продолжение за утре во 11 часот.

Пратениците треба да ја продолжат расправата по измените на Законот за инвалидски организации, за која се пријавени уште 13 говорници.

По исцрпување на дневниот ред на 19. седница, претседателот на Собранието најави дека ќе продолжат со работа по преостанатите точки од 20. седница и, евентуално, да се продолжи по уште две седници на кои, како што рече Џафери, има многу важни точки за граѓаните.

Седицата ја прекина на барање на опозицијата, која во расправата по 18 часот реагираше дека се продолжува со работа без да бидат известени за тоа.

Коронавирус