понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 26
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Учениците не смеат да чувствуваат последици заради надменоста на власта

ВМРО-ДПМНЕ: Учениците не смеат да чувствуваат последици заради надменоста на власта

Укинување на државната матура за учебната 2019/2020 година веднаш. Учениците не смеат да чувствуваат последици заради надменоста на власта, која не сака да прифати предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Дополнително ја повикуваме Владата и МОН да ги прифатат сите мерки за образование кои ги предложивме, а во насока на доброто на учениците, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Мерката која што денес ја презентираше Дамјан Манчевски, за обезбедување интернет за децата од социјално загрозените семејства е задоцнета и требаше да биде преземена одамна. Мерката е само дел од предлозите на ВМРО-ДПМНЕ, како дел од сет на мерки за образованието. Наместо надменост и суета, власта треба да покаже присебност и одговорност. Мерките кои ги предлагаме наврмено да бидат реализирани, за доброто на граѓаните и државата, велат од партијата.

Коронавирус