сабота, 4. јули 2020. Вести денес: 110
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

Во живо

Мицкоски ќе ја претстави програмата на ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните на Кисела Вода

home Вести

ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победи на изборите, порачува Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победи на изборите, порачува Мицкоски

Интервју за ТВ Сител денес имаше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што посочи дека ВМРО-ДПМНЕ на избори убедливо ќе го победи СДСМ кога и да се случат.

-Не е воопшто во прашање мојата фотелја во ВМРО-ДПМНЕ, јас јасно сум го кажал мојот став и мојот мотив зошто најпрвин се кандидирав да бидам претседател на најголемата политичка партија, каква историја ќе оставам позади себе, сега или некогаш, тоа воопшто не е под знак на прашање, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека тој се обидува да го пренесе она кое што народот го очекува во Македонија, а тоа е зрелост и одговорност.

-Инаку ние со вакви политиканства и пи-ар совети кои што им ги даваат сега за неговата фотелја, воопшто нема далеку да стигне. ВМРО-ДПМНЕ ќе го победи СДСМ  и тоа им го кажав вчера на лидерската средба. ВМРО-ДПМНЕ не се плаши. ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе го порази СДСМ, нагласи Мицкоски.

Мицкоски потсети дека нема да оди на избори ако е цената на човечки живот. ВМРО-ДПМНЕ ќе оди на избори кога ќе стивне оваа пандемија и кога нема да биде загрозен животот на граѓаните на Република Македонија.

Најнови вести

Парламентарни избори 2020