петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 155
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Трета недела власта без одговори и одговорност за трагедијата со автобусот во кој 45 лица трагично ги изгубија животите

ВМРО-ДПМНЕ: Трета недела власта без одговори и одговорност за трагедијата со автобусот во кој 45 лица трагично ги изгубија животите

Трета недела одминува од катастрофалната автобуска несреќа во која 45 лица трагично ги загубија животите, а власта на СДСМ и ДУИ нема одгвоор како е возможно автобус без извод од лиценца 140 пати да ја напушти границата?, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

МВР и Царина молчат како е можно табличката на кобниот автобус на Беса Транс да не постои?

За каква правна држава може да стане збор кога од несреќата до денес надлежниот инспекторат нема направено увид во компанијата и изготвено извештај?

Молчат и од Обвинителство и нема никаква реакција. 45 лица прерано ги изгубија животите, а од надлежните институции нема никаква реакција, иако има огромен број пропусти, злоупотреби на системот и основано сомнение за криминал.

Очигледно власта и институциите кријат и штитат криминал. Во нормална држава уште првите денови ќе имаше барем оставки, понесување на морална и политичка одговорност. Спрегата на власта и обвинителството мисли дека со развлекување ќе го забошотат и овој случај како во случајот со трагедијата со модуларната болница. Веројатно бараат нов продолжен кабел кој ќе биде виновникот и за оваа трегедија.

За власта на СДСМ и ДУИ човечкиот живот не значи ништо. Но народот гледа и тоа ќе го казни, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус