недела, 5. јули 2020. Вести денес: 107
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

Во живо

Мицкоски пред граѓаните во Крушево ја претставува програмата на ВМРО-ДПМНЕ

home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Тормозењето на граѓаните не значи дека СДСМ има стратегија и мерки против епидемијата

ВМРО-ДПМНЕ: Тормозењето на граѓаните не значи дека СДСМ има стратегија и мерки против епидемијата

Заев и Филипче преку малтретирање на граѓаните сакаат да излажат дека се посветени и дека преземаат мерки за сузбивање на корона вирусот. За нив е ризично доколку луѓе рекреираат во Скопје или одат до маркет согласно протоколите, но нема проблем ако истите го напуштат градот. Бројките на заболени и починати ја разоткриваат нивната неспособност. Македонија е убедливо најлош пример на борба со епидемијата во Европа, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Вчерашната бројка на новозаразени од 180 е само уште еден доказ за неспособноста на оваа Влада. Во време кога во регионот коронавирусот стивнува, во Македонија вирусот зема замав со 180-те нови случаи вчера, само заради некадарноста на власта. Вкупно 1009-те активни случаи и 149-те починати, говорат за една неспособна Влада која единствено се грижи за свои интереси. Доказ на непромисленоста на оваа влада е вчерашната прес конференција на Славјанка Петроска.
Петровска за потребите на Заев држеше прес конференција, иако со Решение на ИЈЗ, како што објавија медиумите истата е упатена во домашна самоизолација. Доколку Славјанка Петровска има решение за самоизолација, таа го прекршила чл.2 ст.2 од Уредбата на владата за примена на законот за заштита на населението од заразни болести и сторила кривично дело казниво со закон, потенцираат од партијата.

во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ стои дека на СДСМ им е важна само власта, затоа го ставаат во опасност и здравјето на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ добивме хибриден режим, криминал и сиромаштија.

Парламентарни избори 2020