понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 164
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Тоа што Заев и Пендаровски немаат време за македонската химна е најголем срам до сега во историјата на Република Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Тоа што Заев и Пендаровски немаат време за македонската химна е најголем срам до сега во историјата на Република Македонија

Зоран Заев и Стево Пендаровски се срамат од македонската химна, јавноста очекува одговор со што биле уценети и заплашени за да не смеат да ја интонираат македонската химна при официјална државна посета во Република Македонија, како што налага уставот на Република Македонија. Образложението дека селфито на Заев и ручекот со Ципрас се поважни од одвојувањето на време за интонирање на химната е уште едно понижување на македонскиот народ, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Владата.

Тоа што Заев и Пендаровски немаат време за македонската химна е најголем срам до сега во историјата на Република Македонија и покажува колку тие ги потценуваат националните и државни обележја. Наместо апсурдни и неиздржани образложенија Заев и Пендаровски треба да се извинат за срамот кој и го нанесуваат на државата и на македонскиот народ, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести

Коронавирус