вторник, 4. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Тоа што сите се мајтапат со лекоумноста на Заев, не смее да биде причина да му се дозволи тој да се мајтапи со Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Тоа што сите се мајтапат со лекоумноста на Заев, не смее да биде причина да му се дозволи тој да се мајтапи со Македонија

Зоран Заев е срам за Македонија. Зоран Заев како премиер си дозволува да навредува државници на пријателски земји и да открива на што се е подготвен на непознати лица преку телефонски разговори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека Зоран Заев нема капацитет да открие со кого разговара, ниту има капацитет да ја заштити сооствената безбедност на комуникацијата како прв чивек на владата

-Затоа нема дилема дека Заев би имал капацитет да се грижи за здравјето на граѓаните. Заев нема капацитет да се справи со корона кризата. Заев и Филипче успешно се справуваат со короната, колку што успешно се борат против криминалот. Македонија продолжува да брои трицифрени бројки на ново заразени лица, додека Филипче му тера кампања и му снима спотови на Заев. Во последното деноноќие има 163 заразени и за жал 8 починати лица. Македонија е рекордер во регионот по заразени и смртни случаи на еден милион жители. Наместо одговорност, СДСМ, Заев и Филипче презентираат лажна нормалност и ги убедуваат граѓаните дека успешно се справуваат со епидемијата од корона вирусот. Навистина е жално колку СДСМ очајно и упорно ја потценуваат интелегенцијата на граѓаните. Но што да очекува јавноста од лица кои три години зборуваат дека се борат против криминалот, а се до гуша заглавени во него. Слушнавме сведоштва дека изрекетираните пари во Македонија завршиле кај Заев, слушнавме дека се трампа правдата за милиони евра, слушнавме дека проруски бизнисмен дал 300 илјади евра на владата на Заев да му овозможи бизнис во Македонија, видовме како снопчиња пари се ставаат во торби и уште многу други примери, а сепак го слушаме Заев како зборува за апстрактна борба со криминалот и правна држава, стои во соопштението.

од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека тоа говори колку се одлепени од реалноста и како безочно го лажат народот, како за справувањето со епидемијата, така и за секој друг нивни неуспех.

-СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат само повеќе криминал, повеќе рекет, повеќе корупција, повеќе порази и повеќе понижувања! Да ставиме крај на виткањето на кичмата! Исправи се Македонијо, одбери Обнова, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус