понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 180
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Тестови за корона нема ни за лек, Филипче штелува бројки

ВМРО-ДПМНЕ: Тестови за корона нема ни за лек, Филипче штелува бројки

По повеќе од една година корона пандемија граѓаните не можат да најдат термин за тестирање. Термин за тестирање нема ни за лек, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека и додека министерот Филипче велеше дека ќе има околу две илјади заболени лица, излезе само починати да има повеќе од дупло од бројката која тој ја прогнозираше за заболени.

-Во меѓувреме, додека сите вакцинираат од декември и има земји во кои околу половина од населението има примено барем една доза од вакцината против корона, во Македонија е вакацинирано помалку од еден процент од населението. И, пак, за тестирањето. Нема реагенси, нема тестови… Која е целта на Филипче да каже дека ситуацијата е под контрола штелувајќи ги бројките на новозаболени или можеби математиката од набавка на реагенсите не му излегува, нема провизии. По сето ова, крајно време е Филипче да си даде оставка! Филипче и ќе одговара за сите злодела кои им ги нанесе на граѓаните, се наведува во соопштението.

Коронавирус