петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Судовите, ЈО и СЈО работат како продолжена рака на Заев, 10 месеци Македонија тоне во корупција

ВМРО-ДПМНЕ: Судовите, ЈО и СЈО работат како продолжена рака на Заев, 10 месеци Македонија тоне во корупција

Десет месеци Македонија тоне во корупција, а јавноста е сведок на селективната правда што ја спроведува СДСМ и институциите под нивна контрола, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

-Судовите, Јавното обвинителство и СЈО работат како продолжена рака на Зоран Заев. Правда, Устав и закони не постојат.Веќе никој не верува во правдата која потклекна под партиските наредби  на СДСМ. Откако е СДСМ на власт, криминалот на функционерите на СДСМ се покрива и прикрива. Јавното обвинителство молчи и не кажува до каде е постапката против двајцата функционери од владата за кои Заев рече дека има сомнеж за корупција. Постапка за набавка на 40 возила за МВР преку кумановската фирма донатор на СДСМ, нема, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека постапки против изборниот криминал и заканите врз гласачите во текот на последните локални избори, нема.

-Постапка против министерот за внатрешни работи за незаконско апсење на пратеници без да биде симнат имунитетот, нема. Од друга страна луѓето кои го кренаа гласот против лудилото на СДСМ се најдоа во македонските затвори, само затоа што безрезервно си ја сакаат својата држава. Патриотите кои предупредуваа какви погубни политики ќе се спроведат во Македонија се во притвор само поради тоа што се спротиставија на антидржавните политики на Заев. СДСМ го користи притворот како казна за сите неистомисленици и политички непријатели на Заев. Правосудните органи се покажаа како продолжена рака на власта, за прогон на политички неистомисленици. Секој ден кои овие храбри луѓе го поминуваат во притвор како политички затвореници, за Македонија значи оддалечување на нашиот пат кон ЕУ и НАТО, нагласуваат од партијата.

Секој ден поминат во притвор, велат од ВМРО-ДПМНЕ, е само одмазда со која што Заев сака да ја замолкне јавноста и медиумите за да не прашуваат какви предлози доставил до Атина, со кого се консултирал и во чие име ги доставил.

Коронавирус