недела, 28. февруари 2021. Вести денес: 71
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Стоп за попис по стандарди на Заев, стоп на политички попис спроведен со насилно-криминални мерки

ВМРО-ДПМНЕ: Стоп за попис по стандарди на Заев, стоп на политички попис спроведен со насилно-криминални мерки

На СДСМ и Зоран Заев од рака им одат само насилни и криминални процедури. Така се подготвуваат и постапуваат за избори, еве сега така планираат и за пописот, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека Заев и СДСМ сега туркаат насилен и криминален попис што може да резултира единствено со фалсификувани резултати.

-Законот за попис се носи на насилен начин. Стандардите според кои треба да се спроведува пописот се по добро познатите теркови на Заев. За меѓународни стандарди за ваква процедура власта воопшто нема интерес. Земји од Европската унија како Германија, Ирска, Романија поради пандемијата со корона ја одложија оваа статистика операција за следната 2022 година. Ама Заев може да истурка попис во пандемија затоа што тој планира да направи политичка, а не статистичка операција, по неговите добро познати насилно-кримнални мерки. Попис со диктирање на податоци и со врзани потписи на две политички партии не може да биде ништо друго освен политичка операција која ќе резултира со фалсификат резулати.
Попис спроведен со кримнално – насилни мерки ќе биде само на штета на граѓаните. Затоа стоп за попис по стандрди на Заев, затоа стоп на попис спроведен со неговите насилно-кримнилани мерки. На граѓаните и државата им статистички попис, а не криминален, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести

Коронавирус