среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Стево Пендаровски си нарачал со парите на граѓаните си платил, и со вработените од неговиот кабинет се фали дека бил човек од народот

ВМРО-ДПМНЕ: Стево Пендаровски си нарачал со парите на граѓаните си платил, и со вработените од неговиот кабинет се фали дека бил човек од народот

Каков дебакл – Стево Пендаровски си нарачал со парите на граѓаните си платил, и со вработените од неговиот кабинет се фали дека бил човек од народот. Претседателскиот центар за политичка соработка заедно со граѓанско здружение изработил анкета со која со народни пари, Стево Пендаровски се фали сам себе, стои во реакцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ до кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски.

Од партијата велат дека претседателскиот центар се финансира со буџетски пари на граѓаните и е наменет за работи кои ќе имаат општа полза, а не за кампања за кревање на рејтингот на Стево Пендаровски.

-Граѓаните очекуваат од Пендаровски да даде решенија и правци за излез на државата од кризите, а тој ги троши нивните пари на политички маркетинг. Очекуваме Пендаровски да се извини на народот за ова трошење на нивните пари за себепромоција, подвлекуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус