четврток, 1. октомври 2020. Вести денес: 82
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Старо-новата кримитендерашка власт на Заев со нечесни и криминогени кадри ја тоне Македонија во сиромаштија

ВМРО-ДПМНЕ: Старо-новата кримитендерашка власт на Заев со нечесни и криминогени кадри ја тоне Македонија во сиромаштија

Старо-новата тендерашка власт на Заев не може да биде ни чесна ни одговорна. Се што ветија во претходниот мандат се излажаа, се што ветуваат сега пак лажат, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Единствено се функционални кога се работи за криминалот, корупцијата и личното богатење. Македонија во време на власт на Заев стана најкорумпирана држава во Европа според Транспаренси интернешнл. Функционерите од таа иста власт беа директно вмешани во Рекет 1, Рекет 2, Леонардо, РЕК Битола и редица други скандали тешки милиони евра. Тендери, грантови за иновативност и субвенции се делеа и се делат на фирми на функционери и фирми блиски до власта, додека економијата тоне, а народот осиромашува.

Сето тоа се прави пред очите на Луј Витон правосудството кое не мрда ни со мал прст ваквата корупција да ја санкционира. Напротив,  Луј Витон правосудството е ставено  во полн погон за политички прогон на неистомисленици на Заев и тргување со правда со милионски суми евра.

Истрошија три најголеми буџети кои Македонија било кога ги имала и пак ништо не направија, затоа што корупцијата и криминалот ги изедоа. За да ги покријат својата неодговорност ги задолжија граѓаните со милијарда евра нов долг за само ти месеци, ја покачија цената на струјата за 7,5% и  ја покачија акцизата на горивата за 3 денари

Таква власт со такви нечесни кадри и криминогени активности не може да ја направат Македонија европска земја“ – порачуваат од партијата.

 

Коронавирус