среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 142
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Стануваме се повеќе увозно зависна држава, инвестициите се на нула

ВМРО-ДПМНЕ: Стануваме се повеќе увозно зависна држава, инвестициите се на нула

Најголемото економско ветување на Зоран Заев и СДСМ пропадна во вода. Заев вети 5% раст на БДП, а откако е на власт до сега вкупниот раст не е ни половина, односно изнесува 2.5%, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев излажа. Нема ниту 30.000 денари просечна плата. Со СДСМ на власт имаме пад на извозот во однос на увозот. Имено откако Заев е на власт разликата во корист на увозот постојано се зголемува, а го достигна својот пик во второто тромесечие од 2019 година, кога споредбено со истото тромесечие минатата година падот е 34%. Македонија станува се повеќе увозно зависна држава. Поголем доказ за пропаѓање на економијата од падот на извозот во трговскиот  биланс на државата нема. Се повеќе фирми си заминуваат од државата. Пиши бриши даночната политика на СДСМ предизвика одлив на фирми од државата, кои отвораат свои претставништва во соседството од каде што ја вршат својата дејност. Не постои човек или бизнис сектор кој не е излажан од СДСМ. Заев вети дека ќе го намали данокот на добивка за ИТ индустријата на 5%. Не само што не го намали, туку и го накачи, со што десетици компании ја напуштија земјата. Доказ за тоа е падот на додадената вредност на ИТ  секторот во економијата кој бележи пад од 4.7%. Жртва на ваквите лоши политики е буџетот на државата. Катастрофална е наплатата на данокот на добивка. Од јануари до ноември оваа година имаме за 23.7% помала наплата на данок на добивка во однос на лани, истакнуваат од опозициската партија.

Буџетот за 2020 година е зголемен за 7%, а наплатата и за оваа година е намалена. Одиме од дупка во дупка.  Оваа егзибиционистичка политика завршува на 12 април, кога следува обновата на Македонија, додаваат од партијата.