недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 93
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Срамна е одлуката на Апелација за продолжување на притворите, владеењето на правото е на колена

ВМРО-ДПМНЕ: Срамна е одлуката на Апелација за продолжување на притворите, владеењето на правото е на колена

Дурловски, Илиевски, Јовановски, Чавков, Дамовски и останатите притворени патриоти не се терористи! Пратениците на ВМРО ДПМНЕ и полициските службеници не се терористи! Да си ја сакаш сопствената татковина не е тероризам! Да имаш поинакво мислење и гласно да го кажеш тоа не е тероризам, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека притворите за патриотите сe доказ дека Македонија е единствената држава аспирант за ЕУ во која се конструираат политички обвиненија базирани на измислици и политички нарачки.

-Обвинението за терористичко загрозување на уставниот поредок е апсурдно. Уметниците, пратениците и полициските службеници претходно не сториле ниту прекршок. Единствено по кое што јавноста ги знае е нивната битка за Македонија која се труделе секаде да ја претстават во најдобро светло. Отткако СДСМ е на власт постои само селективна правда. Политички прогон за неистомислениците, а масовно ослободување на прекршителите на законите кои се блиски или корисни за власта. Најдобар пример за тоа е активистот на таканаречената Шарена револуција, пратеникот Павле Богоевски, стои во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека срамна, правно неоснована и политичка е одлуката на Апелациониот суд за продолжување на притворите на Дурловски, Јовановски, Дамовски, Илиевски, Божиновска, Чавков, Мукоски и останатите неправедно обвинети.

-Република Македонија е во тотален мрак. Владеењето на правото и правната држава се на колена! Судот прави правен преседан. Судот не дели правда врз основа на факти и аргументи, туку испорачува политички одлуки.  Судиите станаа партиски послушници и војници на власта. Слободата, правната држава и владеењето на правото претставуваат елементарни предуслови за нормално функционирање на денешните современи општества. Во Република Македонија тоа не е пример. Судот наместо да ја гарантира законитоста и да биде чувар на демократија, стана директен соучесник, спроведувајќи партиски одлуки на СДСМ. Правосудните органи треба да знаат дека мерката притвор е мерка за обезбедување на присуство, а не мерка која треба да се користи за изживување врз политичките неистомисленици.Политичкиот реваншизам и малтретирање на луѓе кои размислуваат поинаку од СДСМ мора да запре. Бруталното замолкнување и заплашување на сите кои не се согласуваат со антидржавните политики на актуелната власт ќе има контраефект и ќе го зголеми револтот. Законите морат да важат подеднакво за сите, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус