четврток, 15. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски и Маричиќ да поднесат оставки, а владата да каже кои други функционери немаат НАТО безбедносен сертификат

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски и Маричиќ да поднесат оставки, а владата да каже кои други функционери немаат НАТО безбедносен сертификат

Спасовски и Маричиќ признаа дека немаат НАТО безбедносни сертификати и тоа го криеле од јавноста, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Спасовски е министер за внатрешни работи, и самиот факт што нема НАТО безбедносен сертификат е опасност и за Македонија и за Алијансата.

Што е тоа што спречува Спасовски да има сертификат? Дали големиот број криминални афери и корупциски скандали се причина за недовербата на НАТО?

Маричиќ како министер за правда, и доаѓа во допир со безбедносно сензитивна материја исто така нема сертификат.

Како ако Спасовски и Маричиќ не ги исполнуваат критериумите на НАТО, ги исполнуваат на Македонија?

Спасовски и Маричиќ се опасност по државата. И треба да си поднесат оставки.

Владата да каже кои други функционери немаат НАТО безбедносен сертификат, и зошто?, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус