четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 2
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Со Зоран Заев и СДСМ Македонија само стагнира

ВМРО-ДПМНЕ: Со Зоран Заев и СДСМ Македонија само стагнира

Измамникот Зоран Заев истроши три години на корупција, лично богатење и безброј лаги со кои ја покриваше неспособноста на неговите соработници, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение ја пренесиваме целата реакција на ВМРО-ДПМНЕ:

Зоран Заев само за да ја задржи власта се откажа од националните интереси и прифати целосно обезличување на македонскиот народ и историјата.

Затоа после три години расипничко владеење, дури и неговиот претседателски кандидат Стево Пендаровски призна дека би се исселил доколку не бил на функција.

Зоран Заев лажеше кога ветуваше подобар живот пред три години. Зоран Заев лаже и сега.

Три години Македонија не е мрдната од мртва точка. Државата е задолжена за над 5.4 милијарди евра, криминалот цвета, а правниот систем не функционира.

Лошите политики предизвикаа Македонија да се празни. Се пополни се автобуските и аеродромите со млади со карти во еден правец.

Заев ветуваше дека ќе врати 600.000 иселени, а три години е причина за иселување на дополнителни неколку илјади.

Со Зоран Заев и СДСМ Македонија само стагнира. По 12 април следува обновата и Македонија ќе биде ставена на брза трака за економски напредок кон ЕУ.

Најнови вести

Коронавирус