петок, 21. септември 2018. Вести денес: 144
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Со Заев и Спасовски на власт, загрозени се животите на сите граѓани- затоа не е време за лицемерие, туку за оставки

ВМРО-ДПМНЕ: Со Заев и Спасовски на власт, загрозени се животите на сите граѓани- затоа не е време за лицемерие, туку за оставки

СДСМ се обиде да прикрие убиство. За Оливер Спасовски и Зоран Заев бруталниот напад врз младиот Никола Саздовски беше само обично насилство, иако неговиот живот беше доведен во опасност провладините медиуми и новинарите од доверба на Зоран Заев ја манипулираа јавноста дека инцидентот бил измислен, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Оливер Спасовски позираше пред автомобил изгребан од мачки, а се крие да соопшти детали зошто случајот е квалификуван како насилство и каде се останатите сторители. Еден млад живот згасна благодарение на неспособноста на Спасовски и коалицијата на СДСМ со криминалот. Лицемерното изразување на сочуство нема да го врати младиот Никола Саздовски, ниту ќе помогне за подобрување на безбедноста, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ и се додава:

„Се додека Заев и Спасовски се на власт, пајаци ќе претепуваат полициски службеници, а инцидентите ќе остануваат нерасчистени. Се додека Заев и Спасовски се на власт, млади како фудбалерот Мартин Јанушев ќе бидат брутално ликвидирани на улица, а по сторителите ќе се трага со месеци. Се додека Заев и Спасовски се на власт криминалци ќе бидат пуштани на слобода, а политички ќе бидат прогонувани, уметници, режисери и видни личности кои не ги делат истите гледишта со нив. Со Заев и Спасовски на власт, загрозени се животите на сите граѓани. Затоа не е време за лицемерие, туку за оставки“.