среда, 26. јуни 2019. Вести денес: 9
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ со теренски посети во Виница и Чашка

ВМРО-ДПМНЕ со теренски посети во Виница и Чашка

ВМРО-ДПМНЕ и денес продолжува со теренски посети ширум државата. Членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денес ги посетија општините Чашка и Виница.

Во општина Чашка посетени беа населените места Сотле и Теово. На средбите со жителите на овие места беше посочено дека лошата економска ситуација која ја зафати државата откако СДСМ е на власт се чувствуваат и тука.

Жителите викаат дека животот им станува се потежок. СДСМ иако пред да дојде на власт им ветуваше решение на нивните проблеми, сепак откако дојдоа на власт ништо тука немаат реализирано, овие места како да не постојат власта.

При посетата на населеното место Јакимово во Виница, граѓаните се пожалија дека власта целосно го запостави земјоделието. Оризопроизводителите мака мачат да го продадат оризот. Заради тешкиот пласман од минатата година не знаат дали ќе можат економски да ја издржат оваа. Повисоки цени и сигурен откуп се покажаа дека се само лажни ветувања на СДСМ.

Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ на овие средби истакнаа дека работите може да станат подобро. Но за тоа неопходно е сите заедно да излезиме и да ја победиме власта на СДСМ на претседателските избори а веднаш потоа и на неопходните предвремени парламентарни избори.