понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 122
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ со шест отсто поголем рејтинг од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ со шест отсто поголем рејтинг од СДСМ

Околу шест отсто е разликата во рејтинзи меѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ во корист на најголемата опозициска партија во Македонија, покажала анкета на ИПИС, спроведа по нарачка на „Јуроп Електс“ (Europe Elects).

Истражувањето било спроведено од 14 до 17 септември, годинава, односно пред фијаското на владата на Зоран Заев и СДСМ во Брисел во однос на датумот за отпочнување преговори за влез на Македонија во Европската унија.

Анкетирани биле 1.209 испитаници, а од нив 42,6 отсто дале поддршка за ВМРО ДПМНЕ, додека за СДСМ 36,6 отсто.

Исто така направена е и споредба со резултатите кои партиите ги постигнале на парламентарните избори во 2016 година. Па така, ВМРО ДПМНЕ има зголемување на рејтингот од 4,5 отсто, односно во 2016 партијата имала 38,1, а сега има 42,6 отсто. СДСМ, пак, има стагнација односно намалување од 0,1 отсто. Во 2016 година на изборите партијата имала 36,7, а сега 36,6 отсто.

Коронавирус