сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ тонеме во беда и сиромаштија, криминалот цвета, а младите ни бегаат од државата

ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ тонеме во беда и сиромаштија, криминалот цвета, а младите ни бегаат од државата

Заев се што ветуваше во предизборието е лага, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со СДСМ и Зоран Заев граѓаните секојдневно се повеќе осиромашуваат. Со СДСМ на власт наместо платите на граѓаните да растат, растат трошоците за живот, долгот, корупцијата, криминалот и даноците. Реалните бројки покажуваат дека над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, реализација на капиталните инвестиции за само 5 месеци изнесува 13,74 проценти, над 70 проценти од граѓаните земаат плата помала од просечната, а над 70 до 80 проценти од младите размислуваат да се иселат од државата. Неспособноста и негрижата на Заев ја чувствуваат граѓаните на Република Македонија. СДСМ наместо живот донесе беда и сиромаштија на граѓаните, се вели во партиската реакција.

Како што изјавуваат од партијата на граѓаните на Република Македонија им се потребни промени, а тие ќе се случат по формирањето на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус