сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ на власт македонската економија е пред целосен колапс, а граѓаните се повеќе осиромашуваат

ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ на власт македонската економија е пред целосен колапс, а граѓаните се повеќе осиромашуваат

Со СДСМ на власт македонската економија е пред целосен колапс, сите економски параметри бележат падови, а граѓаните се повеќе осиромашуваат, ова денеска преку соопштение го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Додека повеќе од 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата и не можат да се прехранат, СДСМ и нивните функционери единствено се грижат за своите бизниси и да згрижат што е можно повеќе роднини во државните институции. Во недостиг на економски резултати, криминалниот картел вработувањето на своите мајки, татковци, баби, дедовци, золви, снаи, зетовци и лични фризерки почнаа да го прикажуваат како голем економски успех. Расипничката власт на СДСМ и аболицираниот Заев ја направи Македонија најсиромашна држава во регионот и Европа. Земјите од регионот и Европа доживуваат економска ренесанса, а Македонија благодарение на неспособната влада на СДСМ е закована на дното со срамни 2,05% раст, кој е многу далеку 5 до 7% со кои што Заев ги лажеше граѓаните, потенцираат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека за неспособноста на оваа власт говори и фактот што и оваа година власта како и минатата нема да успее да реализира ни половина од планирате капитални инвестиции. Нивото на реализација на капитални инвестиции за месец јануари изнесува мизерен 1%, извозот има пад од 1,9%, а пад има и ИТ индустријата и тоа од големи 12,6 проценти.
-Во услови кога државата економски тоне, власта не запира со задолжувањата. Криминалната власт на СДСМ успеа за прв пат да ја надмине психолошката граница на јавниот долг од 50% и тој веќе надмина 5 милијарди евра за прв пат во историјата на Република Македонија. Сето ова е показател за штетните и катастрофални политики на СДСМ и Зоран Заев кои се вистинска елементарна непогода за државата и граѓаните.Граѓаните повеќе не смеат да живеат во оваа беда која ја донесе СДСМ. Токму затоа потребно е Заев и СДСМ заедно со нивниот криминален картел да си заминат за конечно македонската економија да почне да напредува, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус