четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 68
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Со ребалансот се кратат пари за капитални инвестиции, економската криза уште ќе се продлабочи

ВМРО-ДПМНЕ: Со ребалансот се кратат пари за капитални инвестиции, економската криза уште ќе се продлабочи

Неспособната власт на СДСМ и ДУИ која креираше расипнички буџет за 2022 година, ништо не може да подобри со ребалансот на буџетот. Напротив дополнително ќе ја продлабочи економската криза до степен на катастрофа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Посочуваат дека кратењата на средства за капитални инвестиции се еден од показателите дека и со овој ребаланс буџетот нема да има никаква развојна компомента.

-Очигледно дека остануваат нечепнати уште стотици милиони евра непродуктивни трошења, на сметка на кратењата на капиталните инвестиции, изградби на патишта, болници, и други проекти кои се двигател во секоја економија. Заради лошите досегашни економски политики оваа власт на СДСМ и ДУИ ја доведе Македонија да биде задолжена над 7 милијарди евра со тендеција тој долг уште да расте, да биде земја со најнизок раст на БДП во регионот, да биде меѓу земјите со највисока стапка на инфлација, да биде земја со 35% од граѓаните во ризик од сиромаштија, да биде земја со најмалку странски инвестиции, да биде една од најсиромашните во Европа итн, се наведува во сопштението.

Ова за жал ќе се влошува и после ребалансот. Со оваа некадарна и непособна, но и криминогена и корумпирана власт секој ден е зијан за граѓаните.

Најнови вести

Коронавирус