сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ со реакција на ставовите на Венко Филипче: Ако вакцинацијата стартуваше на време и бројката на починати од корона ќе беше помала

ВМРО-ДПМНЕ со реакција на ставовите на Венко Филипче: Ако вакцинацијата стартуваше на време и бројката на починати од корона ќе беше помала

Филипче продолжува со неговите лаги. За него немало некое доцнење во стартот на вакцинацијата и покрај тоа што другите замји стартуваа со вакцинација против корона во декември минатата година и имаа по неколку тури на вакцини и тоа од повеќе производители, се вели во реакцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Филипче никако да сфати дека преговорите за вакцини, преговорите за постигнување на договори за набавка на вакцини против корона требаше да ги почне многу порано, требаше да ги почне уште пред половина година. Филипче никако да сфати дека до сега требало да има разговори со производителите на сите вакцини, а не дури сега да се запознава со каратеристики на некои вакцини, како и за нивата достапност. Ако почнеше вакцинацијата кон крајот на минатата година или почеток на оваа веќе ќе имаше одрден број на граѓани со стекнат имунитет. Ако почнеше вакцинацијата порано ќе имаше помалку починати, и самиот вели „буквално сите вакцини штитат од тешка форма на болеста и од смрт“, истакнуваат од опозицијата.

Доцнењето на вакцинацијата против корона чини човечки животи. За неспособноста одговорно мора да има! Додаваат од таму.

Коронавирус