недела, 26. септември 2021. Вести денес: 108
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ со реакција на говорот на Заев: Заев лицемерно говори за асномските и илинденските идеали кои ги погази, тој е извор на поделби, наместо обединување

ВМРО-ДПМНЕ со реакција на говорот на Заев: Заев лицемерно говори за асномските и илинденските идеали кои ги погази, тој е извор на поделби, наместо обединување

Зоран Заев лицемерно денес говореше за илинденските и асномските идеали, истите оние кои што ги погази. Граѓаните ги паметат неговите зборови со кои ја омаловажуваше Народноослободителната борба и АСНОМ, со кои како на пазар тргуваше со Илинденското востание и револуционерите од таа славна епопеја. Флоскулите кои денес ги кажува Заев се срамен обид да ги покријат неговите антимакедонки дела. Токму тие негови дела наместо заштита на асномските и илинденските идеали, наместо заштита на идентитетот, дадоа повод на негаторите на македонскиот јазик, идентитет и историја во него да гледаат шанса да ги остварат своите цели, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ за говорт на Зоран Заев.

-Заев не може да говори за обединување, кога неговата власт е таа која што креира поделби. Заев е тој кој што ги подели граѓаните, на мала елита која е околу него и огромно мнозинство народ кој ниту живее подобро, ниту чувствува слобода. Не може Заев да говори за обединување се додека неговата елита се богати, а народот осиромашува. Не може да говори за обединување додека неговата власт е извор на корупција и криминал, а народот го гледаат само како финансиер на нивното богатење. Не може да говори за обединување додека елитата која ја предводи е заштитена како бела мечка, а сите неистомисленици ги шиканираат и драконски ги судат. Не може да има обединување додека елитата која ја предводи нуди парцијални регионални соработки, додека народот очекува посветеност и работа за исполнување на клучната национална и државна цел, Македонија да биде член на широкото европско семејство. Не може да има обединување додека елитата се крие од народот. Концептот на Заев дели, наместо да обединува. Македонија за сите луѓе е концепт кој е антипод на владеењето на Заев, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Концептот „Македонија за сите луѓе“ е тој кој што обединува и кој ќе го порази Заев, а Македонија ќе ја исправи на патот кон напредокот и успехот, додаваат од партијата.

Коронавирус