петок, 28. февруари 2020. Вести денес: 2
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Со предизборен поткуп СДСМ се обидува да ја ублажи катастрофата која го очекува во април

ВМРО-ДПМНЕ: Со предизборен поткуп СДСМ се обидува да ја ублажи катастрофата која го очекува во април

СДСМ соочени со пораз се обидуваат со предизборен поткуп да ја ублажат катастрофата која ги очекува во април. Во обид да спаси колку што може, СДСМ предизборно врши брутална партизација во државната компанија АД ЕЛЕМ каде распиша оглас во кој се предвидени 200 вработувања, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека покрај АД ЕЛЕМ, со предизборни вработувања ги партизира и останатите државни енергетски компании. Во РЕК Битола вработи 200, а во МЕПСО вдоми 63 свои партиски војници на само 8 дена пред техничка влада.

-Повеќе од јасно е дека СДСМ во очи на изборите безмилосно ги троши буџетските средства за да ги награди своите партиски војници имајќи предвид дека во овие компании платите се неколкукратно повисоки од просечната плата во Македонија. Не се вработуваат инженери или други стручни лица потребни за работа, туку разни советници, книговодители и раководители. Истиот принцип СДСМ и Заев го спроведуваа на почетокот на мандатот кога во компаниите си ги вработија децата на функционерите и советниците кои претходно одработуваа за нив во минатата кампања. Додека повеќе од 70% од граѓаните во Република Македонија земаат плата пониска од просечната а 500.000 едвај преживуваат, партискиот кадар на СДСМ и роднините на нивните функционери земаат дебели натпросечни плати во државните компании, стои во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека животот кој го ветија го обезбедија само за своите фамилии, а за македонските граѓани СДСМ донесоа сиромаштија и порази.

-Токму затоа Заев и СДСМ ќе бидат жестоко поразени на 12-ти април. СДСМ и Заев ќе бидат казнети заради бедата која ја донесоа и сите криминали, измами и неправди изминативе три години. После 12-ти април следува одговорност и обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Заев и СДСМ никогаш повеќе!, децидни се од ВМРО-ДПМНЕ.