вторник, 18. септември 2018. Вести денес: 117
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ со осуда за нападот врз новинарите од страна на Кочо Анѓушев

ВМРО-ДПМНЕ со осуда за нападот врз новинарите од страна на Кочо Анѓушев

Денешниот напад врз новинарите е обид за заплашување, замолкнување и цензура кон сите оние кои што се осмелуваат да ги истражуваат и отворено да говорат за криминалите на власта, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по веста за инциндентот на вицепремиерот Кочо Анѓушев и се додава:

„Однесувањето на власта кон претставниците на седмата сила е показател на односот на власта кон севкупната јавност. Денешното однесување на еден заменик претседател на Влада кој што демонстрирал физичка сила пред новинари, користејќи закани и замавнувања само како резултат на негово незадоволство од новинарската работа е само доказ дека криминалниот картел на власт нeма ниту трошка демократски капацитет. ВМРО-ДПМНЕ најсилно ги осудува овој и сите досегашни испади со демнстрација на сила и заплашување против медиумите и инсистира на жесток одговор и осуда од институциите. Денешниот случај во кој што е вмешан министер за жал е само продолжение на насилството кое се спроведува врз јавноста.“

-Истовремено ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува медиумите, нивните сопственици но уште повеќе директни претставници, новинарите, фоторепортерите и снимателите, да не подлегнуваат под притисокот и да останат првите и вистински борци за демократијата и да продолжат да објавуваат за вистината за матните зделки на криминалниот картел на власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.