недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 30
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Со одбивањето лидерска средба, СДСМ покажува незрел однос кон најважните државни прашања

ВМРО-ДПМНЕ: Со одбивањето лидерска средба, СДСМ покажува незрел однос кон најважните државни прашања

ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ, со одбивањето да се свика лидерска средба, покажува незрел однос кон најважните прашања во државата.

За ВМРО-ДПМНЕ приоритет не се изборите, туку здравјето на граѓаните и економијата, стои во партиската реакција по денешната прес-конференција на потпретседателот на СДСМ, Коста Петров кој рече дека сега нема потреба од лидерска средба, ниту е време да се разговара за избори.

-Апелираме на разумно и зрело однесување. Никој од ВМРО-ДПМНЕ не спомна брзи избори, а СДСМ продолжува лажно да ги толкува работите. Од една страна брифираат датуми за избори, покренуваат полутајни иницијативи за свикување на Собрание, грчевито се борат за фотелјата на Заев, а од друга страна во јавност велат дека се загрижени за здравјето на граѓаните, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Коронавирус