четврток, 27. јануари 2022. Вести денес: 81
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ со најголема поддршка, а Мицкоски со најголема доверба од страна на граѓаните – покажува анкетата на Рејтинг.мк

ВМРО-ДПМНЕ со најголема поддршка, а Мицкоски со најголема доверба од страна на граѓаните – покажува анкетата на Рејтинг.мк

Најновата анкета на Рејтинг.мк покажува дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ е во предност пред владејачката СДСМ.

Анкетата е спроведена преку интернет на  110.885 граѓани.

На прашањето поставено „За која партија би гласале а следните парламентарни избори“, најголем број од испитаниците одговориле дека голема поддршка и даваат на ВМРО-ДПМНЕ или 26.77 во проценти, додека пак за СДСМ одговориле само 22.78 проценти од граѓаните. Веднаш по нив е Левица со 12.68, ДУИ со 10.58, БЕСА 9.18 проценти, додека пак веднаш по неа е Алијанса на Албанците со 9.09 проценти.

Според објавените резултати, анкетата покажува дека граѓаните најголема доверба имаат во лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски  со 26.27 проценти, додека пак Зоран Заев има само 22.44 проценти.

Со вакви резултати слободно може да се каже дека Мицкоски е политичар кој што има најбрз растечки рејтинг во Македонија, а пак тоа е последица на се поголемата отвореност кон граѓаните, одговорниот пристап, транспарентноста како и секојдневната комуникација со граѓаните.

Ако се земе во предвид дека Зијадин Села претседателот на Алијанса на Албанците, како и претседателот на БЕСА  Биљал Касами, на политичката сцена како правни субјекти се пократко од ДУИ, а имаат скоро идентичен процент на поддршка од страна на граѓаните, само покажува дека спроведената анкета ја отсликува реалната слика во Македонија како и незадоволството од страна на граѓаните за коалициската СДСМ и ДУИ.

Дури 53.64 проценти од испитаниците биле Македонци, додека пак 36.57 проценти биле Албанци,  а според податоците голем процент од граѓаните кои што одговориле на анкетата се на возраст од 36 до 45 години.

Коронавирус